Од 10 до 14 ноември 2025 година тим наставници во состав Милица Арсовска, Весна Смилевска, Маја Саздовска и Љубинка Ртоска, беа во работна посета на училиштето „Синт Елизабет“ во Турнаут, Белгија. Со активностите се означи почетокот на Еразмус +проектот за мали партнерства КА 210 во кој координатор е нашето училиште, а покрај него парнери се училишта во кои се едуцираат ученици во профилот медицинска сестра од Унгарија и Белгија. Проектот ќе трае две години и треба да заврши во декември 2026 година. Соработката на училиштата е со цел да се разменат искуства во подготовка на медицинскиот кадар и да се изедначи со европските стандарди.







