Пекарски двобој

Денес во нашето училиште се одржа уште еден креативен и вкусен предизвик – Пекарскиот двобој, каде силите си ги одмерија креативните ученици од втора година под менторство на проф. Сандра Стојчиќ и искусните ученици од трета година под менторство на проф. Емилија Дикова.

Честа да бидат комисија им припадна на деветоодделенците од ООУ ”Панко Брашнаров”, кои со голема внимателност и објективност ја презедоа улогата на комисија за оценување и одговорно ја извршија задачата која им беше доверена.

✨ Благодарни сме за нивното присуство, како  и на нашите ученици кои ни приредија атмосфера полна со мириси, вкусови и уметност!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *