Нашето училиште е повторно меѓу најуспешните учесници на “Ноември -Месец на наука” за средно образование. Тимот од ученици и ментори уште еднаш го потврдија својот талент и посветеност.
Ученичката Миа Несторова од 3-1 клас се натпреваруваше во областа Хемија под менторство на проф.Валентина Јовева и освои втора награда за нејзиниот експеримент “Кинетика на хемиска реакција”, додека под менторство на проф. Селма Амедоска во областа Биологија се натпреваруваа учениците од 2-2 клас: Елена Коларова и Андреј Петровски кои освоија трета награда за нивниот проект” Кога ДНК станува технологија”,
Леа Павловска и Ева Анѓеловска освоија трета награда за нивниот истражувачки проект “Спаси го езерото Младост” и Костадин Клемов кој освои истото така трета награда за својот проект “Диполна антена и електромагнетни бранови”.
Честитки до нашите ученици, тие се наша гордост.








