Средношколците во ерата на вештачката интелигенција – знаење, безбедност и подготовка за иднината

На 23.11.2026 во нашето училиште се реализираше интерактивна обука за повеќе од 100 ученици, првенствено од завршните години на средното образование, на тема: „Средношколците во ерата на вештачката интелигенција – знаење, безбедност и подготовка за иднината“.

Програмата/Обуките беа спроведени во рамки на Пивара-Скопје академијата за млади. Академијата ја спроведува Институтот за добро управување, заедно со младинските платформи Студентарија.мк и Средноглас, Сојузот на средношколци и Националните студентски тела, а со финансиска општествено одговорна поддршка од страна на Пивара Скопје. Предавач на обуката беше Гоше Николов, основач на Студентарија.мк и Средноглас.

Youth Empowered е програма насочена кон зајакнување на личниот и професионалниот развој на младите луѓе во нашата земја, преку обезбедување пристап до практични знаења и вештини кои им се потребни за успешно образование, работа и развој во современото општество. Преку разговор и предавање, на учениците им беше објаснето како стекнатото знаење, новите вештини и сертификати можат практично да ги искористат понатаму – при изборот на студии, градењето на нивниот кариерен профил и подготовката на идното CV.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *