На овогодинешниот државен натпревар по биологија (10.05.2025г), кој се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, нашите ученици постигнаа одлични резултати. Ученичката Марија Пановска (2-2) освои ПРВА награда, Бојана Миланова (2-2) – ВТОРА награда, Ивана Михајловска (2-2) – ТРЕТА награда и Теа Самарџиева (2-2) – учество. Ментор Руска Мицева.
Бојана Василева (2-1) – ПРВА награда и Милан Зафиров (2-1) – Пофалница. Ментор Мимоза Јовиќ.
Ученикот Костадин Клемов (1-2) – ВТОРА награда, Андреј Петровски, Михаела Смилевска, и Ева Ангеловска исто од 1-2 клас добија ТРЕТА награда. Ученичките Изабела Анѓелкова, Ива Андоновска, Раде Наумовска и Јована Недев сите од 3-2 добија ТРЕТА награда. Ментор Селма Амедоска.



