Обележан патрониот празник на ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес

По повод чествувањето на патрониот празник на нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” и 140-годишнината од раѓањето на патронот се одржа свечена програма на 14.11.2018 година во салата „Бели Мугри“. Пред многубројната публика учениците го претставија животот, дејноста и огромното значење на Димитрија Чуповски како општественик, револуционер, историчар, етнограф, публицист, картограф, соосновач на неколку значајни другарства на македонската емиграција, еден од најмаркантните македонски активисти а пред се борец за создавање на независна македонска држава.

За животот и делото на Патронот Димитрија Чуповски проговорија учениците Симона Димовска, Стефан Стефков, Наталија Купенкова и  Роберто Андов. За драмскиот дел се погрижија учениците Наташа Димова, Лора Чаушевска, Валерија Филипова, Трајче Стојанов, Тео Јованов, Виктор Перчинков, Бојан Андов, Никола Трајановски и Марко Лазаревиќ кои изведоа сцени од животот на Чуповски. За рецитирање на стихотворби напишани од Патронот, беа задолжени ученичките Марија Димовска, Олгица Ончева, Ана Славевска и Тамара Коцевска. Водител на програмата беше Сара Василева, а за музичкиот дел беше задолжен хорот на училиштето во состав од: Верица Стојановска, Марија Димовска, Марија Николова, Катерина Бабунска, Александра Пешова, Олгица Ончева, Сара Крстиќ, Јовица Димовски, Камелија Јанева, Мартина Настовска, Наташа Димова и Ангела Попчева под менторство на Стојанче Иванов, професор по музичка култура. Учениците се подготвуваа под менторство на професорките по македонски јазик и литература, Верица Николова и Елеонора Игновска. Програмата ја затвори Културното Уметничко друштво ,,Коле Неделковски” со изведба на македонски народни ора.

Голема благодарност до учесниците и менторите кои успешно и достојно го обележаа празникот на училиштето. Во прилог можете да погледнете фотографии од програмата.

Фотографија и текст: Христијан Киров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *