Добитници на годинашната стипендија од Општина Велес – Христијан Киров, Александар Манев и Стојан Илиевски

На 27.12.2018 година во Општина Велес се одржа Новогодишна свеченост посветена на најуспешните поединци во 2018 година. Покрај другите категории, на свеченоста беа наградени и најдобрите средношколци стипендисти: Христијан Киров од клас III-2, Александар Манев и Стојан Илиевски од клас IV-1 од нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски’’ – Велес се едни од добитниците на годинашната стипендија. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а право на стипендија остварија кандидатите кои ги исполниле пропишаните критериуми, во досегашното школување да имаат континуиран одличен успех и имаат освоено награди за поединечно прво, второ или трето место на меѓународни, државни или општински натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметност и спортот, односно област соодветна на нивното образование. Честитки до учениците и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *