Учество на модна ревија Trash Fashion 2019

По повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, Здружението на граѓани „ОХО“ по осми пат го организираше настанот Trash Fashion Macedonia – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали која се одржа на 23.05.2019 година во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје. Оваа иницијатива е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се реализира во соработка и Министерство за образование и наука на Република Македонија.

Тимот кој оваа година успешно го претстави нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес беше во состав од:

• Марта Трајковска – модел
• Филип Петров, Тамара Станковска и Марија Јанева – креатори
• Христијан Киров – репортер

Учениците се претставија со креацијата ,,Вилинска роза” изработена од: најлон, картон, платно, жица, старо перде, хартија, алуминиумска фолија, скај, шноли за круната, најлонски доколенки и жица за цветовите. За финалниот модел беа употребени вкупно 3,5 килограми отпад. Учениците се подготвуваа под менторство на Руска Мицева – професор по биологија, со особена благодарност за помош од страна на Весна Славеска и Биљана Николова.

Во рамките на манифестацијата се одржаа и неколку работилници за оние учесници кои не го претставуваа моделот. Под менторство на Христина Зафировска (академска уметница) се изработуваа накит и модни додатоци од отпад.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *