Учениците од трета година струка – лични услуги, профил – козметички техничар заедно со одговорниот наставник по практична настава Драгана Јованова во рамките на практичната настава го посетија козметичкото студио Beauty by Eleni, во сопственост на Елена Јанакиев. На посетата учениците беа запознати со современи антицелулитни третмани, техниките и методи во разубавувањето и обликување на телото. Како најновиот тренд во антицелулитните третмани учениците подобро се запознаа со Мадеротерапија, Бамбус масажа и Вакум слим 48. Истите им беа демонстрирани и објаснети од Елена Јанакиев при што учениците беа активно вклучени во целиот процес.
Голема благодарност од учениците во профилот – козметички техничар и ССОУ „Димитрија Чуповски“ до Елена Јанакиев за нејзиниот срдечен и топол прием во нејзиното козметичко студио Beauty by Eleni, и неизмерна благодарност за донацијата што ни ја донираше, со што нашите ученици ќе можат подобро да научат, да ги практикуваат и развиваат вештините за време на нивната практична обука.