GLOBE – ВИРТУЕЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ

Нашите ученички Ана Гајдова и Марија Делиџакова од четврта година, под менторство на професорката Руска Мицева, успешно го презентираа својот труд на ГЛОБЕ виртуелната конференција за ученици, која се одржа на 28ми ноември. Нивната презентација беше на тема климатски промени, каде ги презентираа своите ставови и предлог мерки за овој глобален еколошки проблем, како и активностите на нашето училиште во ГЛОБЕ проектот . Презентацијата и пристапот кон проблемот на ученичките беше пофален и позитивно оценет од експертите. Координатор на конференцијата беше канцеларијата за координација на ГЛОБЕ Европа и Евроазискиот регион. Целта на конференцијата беше да им се даде можност на учениците кои работат на ГЛОБЕ програмата да ги презентираат резултатите од нивната работа, да разменат идеи, но и да се сретнат меѓусебно и запознаат со други ученици и нивните ментори, НАСА експерти и координатори на програмата од различни земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *