Еразмус+ проект Комбинирани методи во изучувањето на јазик и литература
„Combining Approaches in the Literature and Language Learning“C.A.L.L.
Проектот трае од 2020 до 2022 година. Во проектот учествуваат училишта: Industrijsko-obrtnicka skola Slatina- Хрватска, Sule Muzaffer Buyuk Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi-Турција, Liceul Teoretic “Tudor Arghezi” Романија и ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес- Северна Македонија
Во проектот планирани се мобилности во сите партнерски училишта. Целта на проектот да се стекнат знаења и навики за изучување на јазик и читањето како позитивна навика.
Извештај од мобилноста во Турција
16-22-04.2022
Во склоп на Еразмус+ проектот „Комбинирани методи во изучување на литература и јазик“ C.A.L.L. Ka229 тим од шест ученика -Десанка Николова, Георгина Ртоска, Теодора Кузманова, Ана Гајдова, Магдалена Бобевска и професорките Љубинка Ртоска- координатор на проектот и професор по македонски јазик и литература,Марија Ртоска- наставник по стручни медицински предемети и Маја Хеско-директор го посетија Манавгат Турција. Домаќин на мобилноста беше Sule Muzaffer Buyuk Mesleki ve Teknik. На мобилноста се реализираа работилници според програмата на проектот и се организираа посети и разгледување на природни и национални паркови и музеи. Учениците имаа можност да го посетат национални институции и да се запознаат со културно-историската традиција на домаќините.
На мобилноста присуствуваа тимови од Крајова- Романија, Слатина-Хрватска и ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес-Северна Македонија. Тимовите во 5 дневната посета разменија искуства од литературата и националните јазици на сите три држави. Се запознаа техники од информатичката практика- kahoot, storijamper и сл.
Со пријателствата кои ги склучија споделија спомени кои ќе продолжат да ги негуваат и понатаму.
Преку презентациите за своите училишта исто така имаа можност да се запознаат со образовниот процес во сите четири држави.
Извештај од мобилноста во Хрватска
16-22-10.2022
- Во склоп на Еразмус+ проектот „Комбинирани методи во изучување на литература и јазик“ C.A.L.L. Ka229 тим од шест ученика -Десанка Николова, Дамјан Ристов, Наумина Стоилковска, Ванеса Христова, Катерина Вишинова и Софија Новачева и две професорки Љубинка Ртоска- координатор на проектот и професор по македонски јазик и литература и Ирена Карова, наставник по стручни технолошки предемети ја посетија Слатина, Хрватска. Домаќин на мобилноста беше ИОС Слатина, индустриско-занаетчиско средно училиште. На мобилноста се реализираа работилници според програмата на проектот и се организираа посети и разгледување на природни и национални паркови и музеи. Учениците имаа можност да го посетат Гео-националниот парк Папок, природниот парк Јанковац, Копачки рид, музеите на Осјек и Загреб и да се запознаат со култуно-историското и природно богатство на Хрватска. Во Загреб ја посетија универзитетската библиотека и музејот на град Загреб.
- На мобилноста присуствуваа тимови од Крајова- Романија, Слатина-Хрватска и ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес-Северна Македонија. Тимовите во 5 дневната посета разменија искуства од литературата и националните јазици на сите три држави. Се запознаа со стихови и поети од Хрватска и дела од светски автори и изработуваа дигитални и рачно подготвени постери.
- Со пријателствата кои ги склучија споделија спомени кои ќе продолжат да ги негуваат и понатаму.
- Преку презентациите за своите училишта исто така имаа можност да се запознаат со образовниот процес во сите три држави. Поради откажан лет тимот од ученици и професори од партнерите од Турција не присуствуваа, но во одделни делови се вклучија онлајн на работилниците.