Активности од GREEEN проектот

На 31 јануари беше одржан првиот состанок за проектот GREEEN, поточно воведот во активноста Онлајн Весник. Во текот на состанокот вклучените наставници и ученици се запознаа со самиот проект, а како главна цел на истиот беше да се пренесе информацијата за начинот на пишување на новинарски статии за онлајн весникот.

На состанокот учествуваа наставници, професори и ученици од неколку средни и основни училишта во земјата, кои во тимови ќе работат на пишување онлајн новинарски записи од областа на екологијата и ќе известуваат за текот на активностите во рамките на проектот.Освен Еко Логик, како лидер на проектот, свое излагање имаа и учениците од нашето училиште – Александар Ѓорѓиев, Вероника Јанева, Елеонора Костовска, Сара Адамчевска и Ана-Марија Митева кои се дел од проектот, под менторство на професор Руска Мицева.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е %D1%81%D0%BB3-3-edited.jpgОваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е %D1%81%D0%BB.6-4.jpg

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *