Соработка со Центарот за медицинска и естетка мссажа Olympia Veles

ССОУ”Димитрија Чуповски” успешно ја продолжува соработката со уште една компанија од нашиот град. Овој пат потпишавме меморандум за соработка со Центарот за медицинска и естетка мссажа Olympia Veles каде учениците од струката Техничар за козметичка нега и убавина под менторство на професорот Драгана Јованова, дел од часевите за практична настава ќе ги одржуваат во просториите на салонот Olympia Veles Денес под менторство на нашите соработници и стручни лица Александра Петрова и Биљана Митровска учениците се запознаа со просторот, задачите и обврските на еден козметичар во салон за медицинска и естетска масажа, исто така се запознаа и со основните правила, знаења и вештини кои треба да ги има козметичарот во изведувањето на масажата како еден од битните елементи за оваа струка. Продолжуваме следниот час со практично изведување

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *