Одбележан 7-ми април Светски ден на здравјето

Светскиот ден на здравјето е годишен настан посветен на подигање на глобалната здравствена свест. Темата за оваа година е „Здравје за сите“ и целта е да ги преземеме потребните активности за важноста од одржување на здраво тело, ум и благосостојба ширум светот. И ние се приклучивме на оваа порака со учениците од здравствена струка- медицинска сестра и учениците гости од Еразмус+ проектот Combining Approaches in the Literature and Language Learning (C.A.L.L.) и покажавме дека ова е одлична можност да се едуцираме за многуте прекрасни начини кои водат до здрав живот и да ги промовираме придобивките од доброто здравје и благосостојба.

7 ми Април светски ден на здравјето

По повод 7ми април, светскиот ден на здравјето со мото “Здравјето е најголем подарок”! Учениците од профилот медицинска сестра од 3-2 клас, под менторство на професорките Надица Мицева и Лиле Настова, активно се вклучија во обележување на овој ден со мерење на шеќер и крвен притисок на случајни минувачи од нашиот град.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *