22 Април Светски ден на планетата Земја

Денот на Планетата Земја, нашето училиште го одбележа и со активно вклучување во националната манифестација за одбележување на овој ден во рамките на GLOBE Програмата, која се реализираше на 20 април во Скопје.

Global Learning and Observations to Benefit the Environment (Глобално учење и набљудување во полза на животната средина) е светска научна и образовна програма, која оваа година овој ден го одбележа под мотото „Инвестираме во знаење – се грижиме за планетата“.

Нашите ученици се претставија со постер презентации, прикажувајќи ги активностите за земање примероци и анализа на податоците во областите: хидрологија, атмосфера и фенологија. Оваа година по прв пат меревме и аеросоли, а резултатите ги презентиравме пред министерот за животна средина Каја Шукова, в.д. амасадорот на САД Ерик Мејер и заменик координаторот на ГЛОБЕ Македонија Ана Димишкова. Потоа беа практично демонстрирани протоколите за работа од ГЛОБЕ Програмата.

Ученици кои учествуваа на настанот: Александар Ѓорѓиев, Сибел Исмаилова, Валерија Илиевска, Вероника Јанева и Ана Марија Митева.

Одговорни наставници: Руска Мицева, Ирена Карова и Билјана Штипјанова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *