Обука – Од учење во училницата до грижа за заедницата


Од 28-30.09.2023 година се одржа три дневна обука за 10 наградени проекти на тема „Од учење во училницата догрижа за заедницата“во Хотел Дрим во Струга од страна на LEAD- Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, а ко-финансирано од Европска Унија, ЕУ со тебе, EU for civil Resilience. Училиштето ССОУ„ Димитрија Чуповски“ – Велес e едно од 10-те училишта кои го освоија грандот за реализација на својот проект. На обуката беа присутни 5 ученика- Марија Нечева, Бојана Воденичарова и Драган Ничовски од 4-2 клас, Магдалена Бобевска од 3-3 клас и Марио Јорданов од 2-2 клас.Тимот Медикус во наредните 3 месеци ке спроведе повеќе акции за контрола на крвен притиско и шеќер во крв кај населението во Велес,основните училиштата од Велес со цел рано откривање на хипертензија и дијабт. Тимот предвиде вакви акции и во околината на Велес. На обуката беше присутна и професорката Валентина Јовева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *