Камп на иновации

ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес и овој пат дел од уште една обука за младите, во организација на Junior Achievement Macedonia каде сме дел од уште еден “Камп на иновации”, кој се одржува од 12ти до 13ти Октомври 2023г. во хотел Гарденија, Велес, во чест на освоеното 3то место на нашиот тим и нивниот менторот Драгана Јованова на Националниот натпревар за Ученички компании.

Ученици од 8 средни училишта овој пат имаат задача да креираат иновативен бизнис план и да одговорат на дадената задача. Кампот на иновации е натпревар на кој на учениците им се поставува “бизнис предизвик” – задача што претставува еден од актуелните бизнис проблеми. Тимовите, со помош на бизнис волонтери, осмислуваат решение на оваа проблематика и го презентираат пред жири комисија. Ова натпреварување има за цел да им овозможи на учениците што поблиску да се запознаат во современиот начин на работа и да ги мотивираат да размислуваат проактивно и своите идеи да ги спроведат на дело.

Mожностите за учениците со учеството на ваквата активност се следните:   

  • Учениците и нивните соученици добија можност за средба со претставници од бизнис секторот, локална заедница или професори од академија кои ќе им дадат совети – како до добар бизнис план и победа;  
  • Учениците на кампот имаат можност да ги зајакнат вештините за презентирање, тимска работа и вештини за претставување пред жири комисија – вештини кои им се потребни за интервју за работа или интервју за упис на курс, факултет или воопшто во животот;  
  • Учениците имаа можност да освојат награда за себе, но и да го претстават своето училиште на овој начин;   
  • Дводневното дружење со ЏА Македонија,  ги доближи учениците до нашите активности, ќе им отвори можност да бидат подобри и посремни за Националниот натпревар за Ученички компании.

Да им се заблагодариме на бизнис волентерите кои позитивно се одзваа на поканата и присуствуваа на ваквиот настан  со цел да им помогнат на учениците во развој и презентација на нивната бизнис идеја.

Благодарност до:

ПЗУ‚‚Жива-Фарм‘‘- Велес – бизнис волонтер – дипл.фарм. Маја Гоцевска

Општина Велес – бизнис волонтер – Мери Перкова

ЈКП Дервен, Велес– бизнис волонтер – Александар Бузалков и Елена Димова

АГРИА, Агроиндустриска групација, Велес – бизнис волонтер – Олгица Стојанова

Универзитет Скопје, Скопје – бизнис волонтер –Сузана Мурџева, Билјана Проеска, Роберто Миленков, Љупчо Миленков.

Центар за развој на Вардарски плански регион – бизнис волонтер – Снежана Димитриева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *