Подобрување на социјализацијата на лица и млади со посебни потреби

Како дел од проектот: „Подобрување на социјализацијата на лица и млади со посебни потреби“ финасиски поддржан од Комерцијална банка, по повод 3 – ти декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во просториите на Дневниот центар за лица со попречености се одржа работилница.

Истата беше организирана од страна на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес во соработка со учениците од Училишниот клуб на Црвен крст при ССОУ “Димитрија Чуповски”.

Целта на работилницата е да се подобрат моторичките способности и социјализацијата кај лицата со посебни потреби, Се работеше со цртање, боење, обликување и сето тоа преку заедничко дружење. Во истата учествуваа следните ученици од нашето училиште:

  • Ева Митева
  • Марија Јорданова
  • Сара Наумова
  • Ана Марија Митева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *