Програма за млади „Зегин младина“

Соработката со фармацевтските компании и нашето училиште  ССОУ „Димитрија Чуповски“ е континуирана и постојана. Под раководство на професорката  фармацевт Ефимија Југова нашите партнери во дуалното образование „Зегин“  остварија посета во училиштете каде беше промовирана програмата за млади „Зегин младина“ од страна на Борјана Пекевска и Ангела Манеска HR партнери. Истовремено учениците имаа можност да слушнат предавање за актуелниот здравствен проблем во овој временски период алергиите од фармацевт Марија Коцева Зафировски регионален менаџер на аптеки. Заедно со фармацевтот Билјана Виларова  поразговараа за искуствата на  часовите учење преку работа. Благодариме на соработката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *