Erasmus+

Во соработка со граѓанските организации „Вила Зора“ од Велес и „Еко-живот“ од Кавадарци, нашето училиште со ученичките Сибел Исмаилова од 4-5 и Михаела Смилева од 3-2 клас, активно учествуваа на младинска размена, финансирана од Erasmus+ програмата во периодот од 21.03 – 30.03.2024 во Аланија-Анталија, Турција. Оваа размена беше дел од проектот „Global warmig is Global warning” – Mobility of Young People и се реализираше во периодот од 21.03 – 30.30.2024 год. во Аланија-Анталија, Турција.

Учесници од различни земји како што се Бугарија, Турција, Македонија, Грција и Германија се собраа за да ги обединат силите во борбата против промените во климата. Проектот преку различни активности како работилници, дискусии и презентации, учесниците истражуваа начини како да го намалат влијанието на глобалното загревање. Возбуденоста и мотивацијата беа високи, а идеите течеа слободно. Фокусот беше на промовирање на обновливите извори на енергија и на ефикасното користење на ресурсите. Учесниците се обврзаа да го заштитат околниот свет и да ги популаризираат еколошките практики во нивните заедници.

Ова истражување и ангажманот на младите луѓе е само почетокот на еден долг и важен пат кон одржлива иднина за сите нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *