Erasmus+

Ученичките од нашето училиште Маринела Ѓорѓиевска и Валерија Андовска од 3-2 клас беа вклучени во Erasmus+ програмата која е дел од проектот „Ye – Young people Getting In Step With Plogging” организиран од партнерите во Димитров Град, Србија во периодот од 18.03 – 27.03.2024 година.

ЕД „Вила Зора“ од Велес и „Еко – живот“ од Кавадарци овој проект го спроведоа со партнери од Србија, а во оваа младинска размена учествуваа и млади од други држави: Србија, Бугарија, Северна Македонија, Грција, Романија, Турција и Германија.

Plogging е уникатен начин на џогирање и собирање отпад и во рамките на овој проект беше искористен да се подигне свеста за оддржувањето на животната средина и на забавен начин да се прават активности за да се заштити целата околина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *