Николина Николова се квалификуваше меѓу првите 8 ученици за олимпијада по биологија во Унгарија 2019 година

Во саботата на 29 септември се одржа првиот селекционен натпревар за учество на меѓународна олимпијада по биологија помеѓу учениците кои на последниот државен натпревар по биологија постигнаа најдобри резултати. Нашата ученичка Николина Николова на овој селекционен натпревар освои најмногу поени од 14 натпреварувачи и со тоа влезе во тесниот избор од 8 ученика, кои во текот на оваа учебна година ќе се подготвуваат за олимпијадата. Искрено и честитаме и посакуваме, а веруваме дека ќе биде дел од државниот тим од четири ученици, кои по прв пат ќе ја претставуваат Македонија на оваа меѓународна олимпијада по биологија која ќе се одржи во јули месец 2019 год во Унгарија.

Ментор Руска Мицева

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *