ЛИТЕРАТУРЕН   И ЛИКОВЕН КОНКУРС

 

Организацискиот одбор за прослава на Денот на училиштето ССОУ„Димитрија Чуповски“ распишува :

ЛИТЕРАТУРЕН   КОНКУРС

на тема:

Сите сме исти –сите сме различни

 

Право на учество имаат учениците од средните и основните училишта од  Велес и околните општини.

Творбите треба да содржат:

-Име и презиме на ученикот

-Име и презиме на менторот

-Паралелка, училиште и контакт податоци –телефон или е-маил адреса

Лица за контакт Љубинка Ртоска, професор по македонски јазик и литература 076/386-036;  Николова Верица, професор по македонски јазик и литература 076/340206 и Игновска Елеонора професор по македонски јазик и литература 076/386012 или на меил dimitrijacupovski_ve@yahoo.com .

Менторите и учесниците ќе бидат поканети да учествуваат на литературно читање и изложба од пристигнатите ликовни творби  и на доделување на наградите на учениците.

 

ЛИКОВЕН КОНКУРС на тема:

Велешка архитектура

 

Право на учество имаат сите ученици од основно и средно образование од Велес и околните општини.

Создадените творби (литературни и ликовни)  може да бидат  во стих или проза ликовните творби можат да бидат во техника по избор на изведувачот и да се испратат до комисијата за конкурсот при училиштето најдоцна до 10-11-2018 година.

 

31-10-2018 год.                                                               Директор

Велес                                                                             Маја Хеско

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *