Како дел од активностите поврзани со одбележувањето на партониот празник, претставници од Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чиповски“ на 22-ри Ноември го посетија Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес. Целта на посетата е предавање на хуманитарна помош за социјално загрозените семејства.
Учениците и вработените во училиштето донираа стари алишта, прехрамбени производи купен и во маркет, но и храна која ја подготвиле средношколците и наставниците од хемиско-технолошката струка, профил прехрамбен техничар.
Во наредните денови донацијата ќе се распедели на оние за кои е наменета.