Посета на Центарот за лица со посебни потреби

На 05.03.2019 година учениците од трета година, клас 3-2 Здравствена струка, профил медицинска сестра беа во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби заедно со одговорниот професор Весна Смилевска. Преку заедничка активност тие помогнаа во изработка на честитки и украси по повод 8-ми март – Меѓународен ден на жената. Учениците поминаа прекрасни мигови за паметење со лицата кои го посетуваат Дневниот Центар. Нивните насмевки, ведри лица, искрени желби, нивните подадени раце за прегратки – ни покажаа колку големи можат да бидат срцата на сите тие јунаци, кои денот го минуваат во Дневниот центар. Нашите ученици се обидоа со нивното внимание, дружба и прекрасно поминатото време да им покажат дека секогаш се тука за нив. Голема благодарност до сите ученици кои учествуваа на оваа посета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *