На 23 март 2019 година (сабота) во СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин” – Велес се одржа Регионалниот натпревар по биологија на кој учество земаа вкупно 38 ученици од средните училишта од нашата општина, Кавадарци и Неготино. Од нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски’’ – Велес учествуваа 23 ученици од прва, втора, трета и четврта година под менторство на професорите Руска Мицева, Мимоза Јовиќ и Рефика Селмановиќ. Учениците ги постигнаа следниве резултати:
I година (6 учесници)
Ментор: Рефика Селмановиќ
Милена Бабунска – Пофалница
Ивона Богдановска – Пофалница
Милена Ѓорѓиева – Потврда за учество
Валентина Трајкова – Потврда за учество
Теона Гурбанска – Потврда за учество
Георгина Ртоска – Потврда за учество
II година (1 учесник)
Ментор: Руска Мицева
Тамара Коцевска – II награда (учество на Државен натпревар)
III година (11 учесници)
Ментор: Руска Мицева
Ангела Иванова – III награда (учество на Државен натпревар)
Викторија Тумбова – III награда (учество на Државен натпревар)
Ана Славевска – Пофалница
Христијан Киров – Потврда за учество
Катерина Ангелова – Потврда за учество
Гордана Стефановска – Потврда за учество
Јована Стојановска – Потврда за учество
Олгица Ончева – Потврда за учество
Ментор: Мимоза Јовиќ
Трајче Манев – II награда (учество на Државен натпревар)
Нела Честојанова – III награда (учество на Државен натпревар)
Емилија Илиевска – Потврда за учество
IV година (5 учесници)
Ментор: Руска Мицева
Елеонора Мицева – II награда (учество на Државен натпревар)
Александар Манев – II награда (учество на Државен натпревар)
Катерина Ѓорѓиова – Потврда за учество
Даниел Атанасовски – Потврда за учество
Стефан Јорданов – Потврда за учество
Од вкупниот број на учесници од нашето училиште, 7 ќе учествуваат на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 11.05.2019 година според календарот за натпревари утврден од Македонското биолошко друштво.
Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите резултати на натпреварот и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!