

Како училиште кое е вклучено во спроведувањето на ГЛОБЕ протоколите, оваа пролет активно се вклучивме и во глобалната акција 2023 GLOBE Water Bodies Challenge. Во рамките на акцијата, планираме и спроведуваме низа активности кои се насочени кон заштита, зачувување и следење на квалитетот на водите во периодот од 20 март до 20 мај. За таа цел денес реализиравме работилница со учениците од нашето училиште на тема „H2OPE for the future“ каде беа изнесени бројни интересни факти за водата, со единствена цел подигнување на свеста за нејзино зачувување и штедење.







