ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Како дел од активностите поврзани со одбележувањето на партониот празник, претставници од Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чиповски“ на 22-ри Ноември го посетија Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес. Целта на посетата е предавање на хуманитарна помош за социјално загрозените семејства.

Учениците и вработените во училиштето донираа стари алишта, прехрамбени производи купен  и во маркет, но и храна која ја подготвиле средношколците и наставниците од хемиско-технолошката струка, профил прехрамбен техничар.

Во наредните денови донацијата ќе се распедели на оние за кои е наменета.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *