Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/2019 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 13/2015), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес бр.25- 5908/3 Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 21.11.2018 година, распишува

 К О Н К У Р С

за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/ 2019 година

 

За учебната 2018/ 2019 година, Општина Велес ќе додели:

  • 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
  • 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

 

Услови за доделување на стипендии

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех,  кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
  2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на  меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Македонија.

 

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

 

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех
  3. Уверение за положени испити.
  4. Потврда за запишана година на факултетот.
  5. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
  6. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
  7. Потврда за објавени стручни трудови.
  8. Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот.
  9. Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
  10. Уверение за семејно и материјална положба.
  11. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
  12. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
  13. Фотокопија од лична карта или пасош.

 

Место и рок за поднесување на документите

 

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака  „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги или по пошта.

  • Рокот за поднесување на документите е од  22.11.2018 до 3.12.2018 година.
  • Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги или на веб-страната на Општина Велес
  • Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат најдоцна до 10.12.2018 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.

Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226.

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес
  • на локалните медиуми.

 

 

Број 25-5908/4                                                                                                                                  ПРЕТСЕДАТЕЛ

21.11.2018 година                                                                                                            на Комисија за      стипендирање на

Велес                                                                                                                                   талентирани ученици и студенти на

Советот на Општина Велес,

                                                                                                                                              м-р Живко Пренџов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *