Работилница на тема: „Предрасуди и стереотипи – сличности и разлики“

Во рамките на проектот Мировно образование, организиран од Првата детска амбасада „Меѓаши“ на 28.02.2019 год. во нашето училиште се одржа работилница на тема: „Предрасуди и стереотипи – сличности и разлики“. На работилницата учество земаа ученици од прва година од различен етнички состав, под менторство на професорката Елеонора Игновска учесничка во проектот Мировно образование и професорката Надица Теова. Учениците преку игра и вежби ги изнесоа своите размислувања и ставови поткрепувајќи ги со факти, докази и аргументи за надминување на предрасудите и стереотипите во нашето секојдневно живеење. Исто така донесоа заклучок дека иако сме различни сепак сите имаме исти потреби и дека различностите треба да се почитуваат. Насмевката, воодушевеноста и позитивната расположеност се забележуваше кај секој од присутните. Ова за нас претставува мотивација да продолжиме со изведување на вакви едукативни работилници и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *