„Светски ден на чистењето“ 2018

Сабота 15 септември 2018 год, во рамките на еколошката акција „Светски ден на чистењето“ нашето училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес зема активно учество со своите ученици, вработени наставници и технички персонал. Учениците и вработените беа распределени на повеќе локации околу главниот влез на училиштето, односно беше исчистен приодот кон предниот главен влез на училиштето,  училишниот двор околу урбаната опрема за седење пред влезот на училиштето и зелените површини и пешачките патеки покрај училишната зграда.

Акцијата е дел од низата активности кои се превземаат на ниво на целата Општина, а е дел од глобалните активности за одбележување на Светскиот ден на чистењето. Акцијата во Република Македонија ја координира Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „ГОУ ГРИН“ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во нашиот град координацијата на акцијата ја координираше Општина Велес и ЈКП „Дервен“.

 

Извештајот го подготви

Руска Мицева

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *