„БУЛИНГ – НЕ во моето училиште“, ,,И зборовите повредуваат“

 

Денес, 24.09.2018 г., во нашето училиште се реализираше првата работилница под мотото:

„БУЛИНГ – НЕ во моето училиште“, ,,И зборовите повредуваат“, во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши.  Работилницата ја водеше професорката Елеонора Игновска, професор по македонски јазик и литература заедно со волонтерката од Детската амбасада Меѓаши, Стефи.

Учениците- дискутираа на темата „Булинг“. Што е тоа Булинг?, Кои се учесниците во ова насилство? Кои форми на врсничко насилство постојат во училиштата, како да го препознаеме и што да преземеме понатаму?

Преку дел од игрите за запознавање кои беа направени во текот на работилницата учениците констатираа  дека „сите сме различни, а различностите треба да се почитуваат“ и дека тоа би била една од мерките за спречување на насилство.

Ваквите работилници ќе продолжат во текот на целата учебна година.

Одговорен професор Елеонора Игновска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *