Крводарителска акција

На ден 15.11.2023 во просториите на Средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес по повод патрониот празник се одржа традиционална крводарителска акција. Учениците и вработените ја покажаа нивната хуманост и се одзваа на повикот да учествуваат на крводарителската акција.

На акцијата се даруваа 18 крвни единици. Поголем дел од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.

Крводарителската акција заеднички ја организираа: Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинската организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина. Во реализацијата учествуваа двајца волонтери од Клубот на млади. Одговорен наставник за крводарителската акција  – Билјана Гајдова Николова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *